Учебната 2021/22 година во кантон Тичино-Швајцарија започна на 30 август 2021 година. Дополнителната настава на македонски јазик ја изведувам во пет училишта:
Скуола Елементаре Муралто,
Скуола Елементаре Салеџи,
Скуола Елементаре Солдуно,
Скуола Медиа Минузио и Скуола Медиа Локарно 1.
По повод 30 години од независноста на нашата татковина учениците ги изработија државните симболи.
Во недела на 12 септември започнуваме со воннаставните активности, односно со проби ќе започне фолклорната група.
Голема благодарност до Министерството за образование и наука и Агенцијата за иселеништво за соработката и поддршката што ја добиваме.