Почитувани Македонци и Македонки нека ни е честит и вековит 8-ми септември денот на независноста на Македонија! За многу години празникот!
Со убедливо мнозинство од над 95 отсто граѓаните на Македонија на денешен ден 1991 година на референдум одлучија да изградат своја независна и суверена Република Македонија. Одговарајќи позитивно на прашањето “Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“ македонските државјани го започнаа својот пат во изградба на држава која ќе има своја територија, свои државни обележја и која ќе биде самостоен субјект во меѓународната заедница.Откако и формално резултатите од референдумот беа потврдени со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18-ти септември во Собранието на Република Македонија следуваше усвојувањето на Устав на 17-ти ноември 1991 година.