Свечениот банкет по повод 19-ет годишнината од осветувањето на Македонската Православна Црква Св. Недела од Ејџекс се одржа на 4-ти септември во реновираната црковна банкетна сала.
Црквата св. Недела е изградена од канадската македонска заедница која се посвети на развојот на црквата како место за богослужби и културни свечености низ регионот на Дурам и Големата Област на
Торонто. Многумина се заслужни за нејзинрата работа овозможувајќи да се изгради овој велелепен македонски културен и духовен центар во Ејџекс.
Последниве години црквата доживеа вистинска преродба. Имено, комплетно е саниран покривот, направен е нов иконостас, прекрасна влезна врата, целосно е променет влезот, банкетната сала доби нов подиум, реновирани се и останатите простории.
Црквата се разубавува и обновува во интерес на сите македонски верници од овој дел на Онтарио, но и пошироко.
На свечениот банкет присуствуваа повеќе почесни гости меѓу кои:.
Владе Димитриевски претседател на најголемата Македонска Православна Црква на овие простори, Св. Климент Охридски од Торонто, Бале Гајтановски претседател на МПЦ Св. Димитрија Солунски од Маркам, Коле Димески заменик благајник во МПЦ Св. Илија од Мисисага,
Отец Горан Ристевски, од МПЦ Св. Димитрија Солунски од Маркам, отец Ангел Станчев од Свети Наум Охридски во Хамилтон, поранешниот свештеник во Св. Недела отец Благе Димитриевски и се разбира во улога на домаќини претседателот на црковната управа во Св. Недела Славе Бунтески и свештеникот Александар Зашов.
Свое обраќање до присутните имаше претседателот на црковната управа г-ин Славе Бунтески кој не го криеше задоволството од успешниот раст и напредок на црквата за што се заслужни црковните управи, нивната меѓусебна соработка и несебичната поддршка и помош на успешните македонски бизниси во Канада.
На свеченоста посебно признание беше врачено на Сашко Котларовски за долгогодишна посветена работа во црквата.
Во музичкиот дел гостите ги забавуваа Христо Георгиев Ице и Веле Тошевски.