подготвени сме за новата учебна година и за наставата која што и оваа година ќе се реализира во Франкфурт на Мајна и Мајнц, во училница полна со македонски деца и на македонски јазик.
Моите ученици со нетрпение очекуваат да запознаат нови другарчиња и заедно да продолжиме да ги негуваме македонскиот јазик, култура и традиција.
Наставата е комплетно бесплатна, а на крајот од учебната година учениците добиваат потврда за посетата и имаат можност да добијат оценки во свидетелствата од редовните училишта.
За подетални информации околу термините за дополнителната настава по македонски јазик, Ве молам обратете се на b.filipovski@gmx.de
Ви благодарам.
На сите ученици им посакувам радост, смеа и успех во училишните денови.
Со почит,
Бисера Филиповски