Мотоциклистите од Релито независност-2021 ја возат последната етапа од Охрид до Скопје

0
28

Кичево,

– Близу 400 мотоциклисти од земјава и странство, денеска ја возат третата и последна етапа од Релито независност-2021. На денешната етапа, учесниците стартуваа од Охрид, попатно се одморија во Кичево и преку превојот Стража се вратат во главниот град.

-Во изминативе три дена го одржуваме триесеттото јубилејно мото Рели независност-2021, кое се состои од три етапи – првата од Скопје до Дојран, втората од Дојран до Охрид и денес ја возиме завршната трета етапа од Охрид до Скопје. На јубилејното триесето рели учествуваа близу 400 мотоциклисти од кои четириесетина од странство. И годинава, релито го разубавија повеќе учеснички на понежниот пол, истакна Зоран Трајковски, претседател на Македонската Мото федерација.

Признанија им се доделени на најстариот и најмладиот учесник на релито. Најстариот учесник е Ѓорѓи Кузманоски, кој има 80 години и по 26-ти пат е дел од релито, а најмладиот учесник има 18 години и по потекло е од Македонија, а живее во Швајцарија каде вози за тамошниот клуб „Македонија“.