Скопје,
– Со проекција на македонскиот филм Сестри на 16 септември ќе започне годинешното 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Фестивалската публика во Битола, ќе биде првата која ќе го погледне филмот, кој штотуку учествуваше на еден од најпрестижните филмски фестивали во светот – Карлови Вари, освојувајќи ја „Специјалната награда од жирито“ во програмата „Источно од западот“.
Ова е прв долгометражен филм на режисерката Дина Дума и кинематогаферот Наум Доксевски и филмот влегува во официјалната конкуренција за наградата „Златна камера 300“ на 42. ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“.