Започна „Кампот за учење на македонски јазик и литература“ во организација на „Друштвото на македонците во Романија“, кој ќе трае од 29 август до 5 септември 2021 година во Мамаја,Република Романија. Проектот за негување на македонската култура и традиција ќе трае 3 седмици,од 29 август до 19 септември 2021 година, поделен во три сесии и тоа:
1. Камп за јазик и култура,
2.Креативен камп за талентирани припадници на македонската заедница,
3. Камп за македонската историја и традиции.
На кампот учество зедоа околу 70 членови, деца и возрасни со македонско потекло, кои имаат желба да го учат македонскиот јазик. Овој Камп е од традиционален карактер и претходните години се одржуваше во Скопје, Маврово и Струга. Наставата ја водат две наставнички: професор по македонски јазик Милка Тримчевска која подржана од Агенцијата за иселеништво по трет пат учествува во проекти на Друштвото на македонците во Романија и Еелена Привулеску, професор по македонски јазик и книжевност со македонско потекло, член на друштвото.
Од име на директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски и вработените, раководителот на Сектор за унапредување и одржување на врските со иселениците, Билјана Костова, срдечно се заблагодари за поканата за учество на Кампот, за досегашната соработка на Друштвото на македонци во Романија со Агенцијата за иселеништво и за заложбата што ја дават членовите: г-дин Јонуц Станку, Пратеник во Парламентот на Република Романија за правата на малцинствата, г-ѓа Лаура Рогобете, претседател на друштвото, г-ѓа Маријана Венера Попеску,претходна пратеничка и движечката сила на Заедницата и сите останати.
Костова ја посочи Романската Влада за пример, бидејќи во светот на глобализација и асимилација, преку поддршката на вакви проекти ги потврдува своите демократски вредности.