Ако некој кандидат за градоначалник на Скопје во пресрет на есенските локални избори вети дека ке укине и ке пренамени половина од паркинг-местата во градот, тешко може да се надева на позитивен резултат. Затоа, пак, градоначалничката на Париз,Ан Идалго, лани беше реизбрана токму со тоа ветување.
Идалго веке подолго време спроведува политики за разеленување на Париз, намалување на автомобилскиот сообракај, замена на сообракајните површини со зеленило, самоодржливост на секој кварт ити.
Еден од нејзините најблиски соработници во овие процеси е Кристоф Најдовски, парижанец со битолско потекло, кој во претходниот мандат беше заменик-градоначалник за транспорт и мобилност, а сега е заменик за зеленило и биодиверзитет. Тој е еден од 35-те заменици на градоначалничката, од кои, слично како во владин кабинет, секој е задолжен за одреден ресор.
“Сакаме да спроведеме вистинска урбана револуција. Секој втор паркинг ке биде претворен во место за дрво,тревник, проширен тротоар или велосипедска патека. Ке извадиме сто хектари асфалт од улиците и ке го замениме со дрвја или со трева. Сто улици ке ги претвориме во зелени оази. Околу обиколницата ке направиме кружна шума, а ке подигнеме и 30 хектари нови градски паркови”, вели Најдовски во интервју за БИРН.
Овие “радикални мерки”, како што ги нарекува Најдовски (меfу кои спаfа и претворањето на познатата авенија Елисејски полиња во пешачка зона), не се единствената зелена политика на градот. На секоја одлука Исе прави проценка како ке влијае врз сообракајот и врз животната средина, колку и да изгледа неповрзана со овие области.
Информациите за зелената трансформација на Париз, пренесени од локалните медиуми, привлекуваат доста внимание во Скопје, најмногу затоа што македонската метропола се развива во спротивна насока од француската. Се повеке згради, повеке паркинзи за нив, повеке асфалт, помалку зеленило, зголемена употреба на автомобилите итн.
Најдовски е запознаен со овој развој на нашиот главен град и вели дека, не само што ова треба да се промени, туку тоа треба да се случи многу бргу.
“Знам дека не е лесно таму да се спроведуваат истите политики што ги водиме тука, зашто градовите се на различен степен на развој.Сепак, Скопје мора за кратко време да направи трансформација каква што другите европски градови прават со децении. Знам дека тоа е радикално, но денес не може да се водат урбани политики како во 1980-тите или во 1990- тите, без баланс во развојот”, порачува Најдовски.
Тој дури и за Париз вели дека доцни со промените,со оглед колку силно се чувствуваат ефектите од климатските промени, со топлотни бранови секоја година (порано биле реткост во Париз),бури со град, поплави итн.
“Буквално сме во трка со времето и со невремето”,вели тој.
Тешки лекции и повторени грешки