Врвна награда за “Воскреснат” на филмски фестивал во Лос Анџелес

0
23

Филмот “Risen” или “Воскреснат” на македонскиот режисер и сценарист од Сиднеј, Тони Радевски, ја освои наградата за најдобар филм на интернационалниот филмски фестивал за краткометражни филмови во Лос Анџелес во категоријата научна фантастика.

Филмот е приказна за еден млад тинејџер кој се бори во светот на дрогата на Запад, прогонуван од своето семејно минато и соочен со непозната иднина.

Со овој филм Тони сакал сликовито да му покаже на светот што значи кога едно лице се дрогира, инспириран од пријател во минатото кој, иако дрогиран, можел да функционира без тоа да биде видливо за другите, што значело уништување на неговиот живот без другите да забележат.

Основното прашањето кое провејува низ целиот филм гласи:

Што ако една епидемија на дрога имаше видлив ефект и сите знаевме кој се дрогира? Дали тогаш луѓето се уште ќе се дрогираа?