Почитувани наставници!

0
168

Агенцијата за иселеништво во рамките на законската надлежност за помагање на културниот развој на иселениците и согласно Годишната програма за работа за 2021 година, ќе организира виртуелна работилница на која ќе се презентира новата наставна програма изготвена од страна на Биро за развој на образованието. Бидејќи во наша надлежност се иселениците од целиот свет, ве повикуваме сите наставници кои водите настава во иселеништво да се вклучите на овој настан и да земете активно учество.

Настанот ќе се одржува два дена по два часа и тоа на  13 и 14 септември 2021 година, од 12:00 -14:00 часот. Терминот е прилагоден да можат да се вклучат наставници од сите континенти и различните  временски зони.

Бројот на учесници е неограничен. Програмата ќе биде презентирана од страна на советниците од Биро за развој на образование кои учествуваа во нејзината подготовка.

За таа цел Ве молиме при пријавувањето  да се изјасните дали сте согласни работилницата да се  реализира преку платформата тимс, со цел навремено изготвување и препраќање на линкот од истата.

Ви благодариме на довербата и соработката

Директор,

Слободан Близнаковски

 

Изработил, Билјана Костова

Раководител на Сектор за унапредување и одржување на врските