Се скратува постапката за издавање патни исправи на Македонците што живеат во странство

0
24

Jа кратиме постапката за издавање граѓански патни исправи на нашите државјани што престојуваат надвор од државата, објави денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи.

– Министерството за внатрешни работи (МВР) и министерството за надворешни работи (МНР) инициравме и финализираме проект за инсталација на базни станици најпрво во 9 дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија во странство, со што овозможуваме прием на барањата за патни исправи во ДКП-та и нивно процесирање на дневна основа, со проверка на податоците во реално време – објасни тој.

Спасовски додаде дека досегашната постапка преку мобилни базни станици траела и по неколку месеци, наспроти можноста сега да бидат изготвени од страна на МВР за период не подолг од 15 дена и да бидат доставени до МНР за дистрибуција до нашите граѓани во странство.