Во организација на Дом на култура „Крсте Мисирков“ и општина Свети Николе денес заврши 16-та по ред „Ликовна колонија Ѓуриште 2021“.
Oтсекогаш постоеле и ќе постојат место, простор, сцена…и сеедно е каде се случуваат нештата, но, сепак сè што било пред и сè што ќе биде потоа е само последица на она што се случува во сегашноста, без разлика дали трае неколку минути, часови, денови, или пак, години.
Повеќе од сигурно е дека најсилниот импулс на човекот е создавање на било каква уметност…Секој човек макар и несвесно го поседува истиот тој импулс на создавање своевидна уметност. Едновремено, големите работи се прават со помош на бројни мали нешта поврзани заедно ко мозаик… Создавани од различни сликарски генерации со разнообразен сликарски сензибилитет, разнородна интерпретација и разновидна сликарска и воопшто ликовна лексика, на наше големо задоволство, учесниците на Ликовна колонија “Ѓуриште”2021 ја збогатија уметничката збирка на Домот со уште 26 уметнички дела кои ќе останат да сведочат за убавото и вечното.
Упатуваме голема благодарност за сите учесници на колонијата и им посакуваме многу вакви дружби и успеси во иднина.