ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕЛ ОД ПАРТЕРОТ ВО ТАФТАЛИЏЕ

0
40

Општина Карпош ја заврши реконструкцијата на дел од партерот меѓу зградите на улицата „Московска“ во Тафталиџе. Поставени се бекатон плочки на површина од 700 м2. Претходно овој терен беше руиниран, со стара бетонска подлога, со што беше отежнато движењето на граѓаните кои живеат во овој дел на Карпош. Тука секојдневно минуваат поголем број на граѓани. Во близина е и локалното пазарче, како и неколку маалски продавници и маркети. На овој начин, се подобри пристапот и безбедноста за жителите. Во претстојниот период, локалната самоуправа ќе направи напор и за реконструкција на останатиот партерен дел, кој претставува пристап до објектите за домување. Во делот на инфраструктурата во Карпош, оваа недела заврши реконструкцијата и на улицата „Мирка Гинова“ во Карпош 1.  Претстои асфалтирање и на улицата „Париска“ (каде што во моментов се прават ископи за БЕГ и други оператори) во Тафталиџе, како и реконструкција на улицата „Иван Аговски“ (Карпош1).