БИТОЛЧАНКИ ЌЕ ГИ БРАНАТ ДРЖАВНИТЕ БОИ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КУГЛАЊЕ ДО 18 ГОДИНИ

0
214

Непосредно пред заминувањето на Светското првенство во куглање за натпреварувачки до 18 години, градоначалничката Наташа Петровска се сретна со нашите репрезентативки и нивниот тренер, при што им посака многу успеси во тамошните натпревари.

Девојките, заедно со тренерот Игор Михајловски, изразија посебна благодарност до градоначалничката Петровска за создадените услови за тренинг и поддршката која ја добиваат од општината. За прв пат во историјата на овој спорт во земјава, сите репрезентативки се од Битола.