Желбата на Зафир Хаџиманов беше испочитувана, албумот „Зафир пее, Македонија пее“ промовиран во Скопје

0
27

Последниот албум на познатиот македонски композитор, писател, пејач и глумец Зафир Хаџиманов „Зафир пее, Македонија пее“ (Зафир пјева, Македонија пјева) што го реиздаде „Југотон Кроација рекордс“ ѝ беше претставен на македонската јавност на „Деновите на Кроација рекордс“ во Скопје.

Зафир го сметаше ова издание за врв во својата кариера. Тој напиша музика за песните на големи македонски поети, но поради пандемијата лани промоцијата не се случи. Неодамнешната државна награда што му беше доделена постхумно, беше мотив да го претставиме ова ретко издание пред неговите почитувачи и обожаватели во земјава – рече Иван Беќковиќ, претставникот на „Кроација рекродс“ во Македонија, на вчерашната прес-конференција.