Се гради кружен тек во Неготино

0
383

Во тек е изградба на кружен тек на улица „Маршал Тито“ на спојот со улица „Индустриска“ и „Баба Ана Ташева“. Радиусот на кружниот тек ќе биде 10 метри, а двете коловозни ленти се со ширина од 5,5 метри, информираа попладнево од неготинската локална самоуправа.

– Изведувач на градежните активности е фирмата „Градба Промет ДОО“-Кавадарци, а надзор фирмата „Павер Трејд“-Кавадарци. Вкупната вредност на проектот изнесува 7.775.839 денари, средства обезбедени од локалниот буџет, појаснија од општината.

Во текот на изградбата на кружниот тек, сообраќајот ќе се одвива согласно времениот сообраќаен проект.