Германија повторно ја класифицираше Македонија како подрачје од висок ризик поради зголемениот број заразени со коронавирус, поради што од 22 август ќе важат нови правила за влез во земјата.
Лицата над 12 години кои се целосно имунизирани со вакцина одобрена во Германија можат слободно да влезат во земјата, без разлика на целта на патувањето. Останатите ќе можат да влезат во Германија само доколку имаат неопходна причина, но притоа прво ќе мора да одат во десетдневен карантин. Најрано пет дена по влегувањето може да се направи тестирање за коронавирус и резултатот да се испрати преку сајтот за регистрација за влез во Германија.
Германија досега ги има одобрено вакцините на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“ и на „Џонсон и Џонсон“.