Вистинско уживање беше да пропатуваме низ нашите краишта и да проследиме дел од нашата култура и традиции преку делата на г-ѓа Дијана Томиќ Радевска, академски мултимедијален уметник и дизајнер, која живее и работи во Скопје. Таа, виртуелно, ја презентираше уметноста на ткаењето и создавањето на нејзините дела со помош на вештите раце на македонските ткајачки. Голема благодарност до г-ѓа Дијана Томиќ Радевска, но секако и до г-ѓа Сања Зографска, генерален конзул во македонскиот конзулат во Мелбурн, за соработката и поддршката за промоција на македонската култура и јазик.