Нова опрема за собирање на комуналниот отпад во Виница

0
259

Општина Виница доби 182 метални контејнери со капацитет од 1,1 кубен метар во рамки на регионалниот проект за набавка на опрема за собирање и транспорт на комуналниот отпад.

Контејнерите се обезбедени со поддршка од ИПА-програмата за регионален развој на ЕУ, како дел од активностите за функционирање на идното меѓуопштинско комунално претпријатие „Еко Исток-Североисток“.

– Со поставувањето на овие контејнери значително ќе се подобрат условите за одржување на комуналната хигиена и за зачувување на животната средина во општината. Тие треба да помогнат за селекцијата на органскиот, од пластичниот и другиот комунален отпад, со што ќе се обезбеди негова полесна преработка во идната регионална депонија кај светиниколското село Мечкуевци Ги повикуваме граѓаните да ја чуваат и да не ја оштетуваат новата опрема, со што ќе придонесат за зачувување на животната средина во локалната заеднница, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Во наредниот период комуналното претпријатие „Солидарност“ ќе изврши соодветно обележување на контејнерите за отпадот што ќе може да се исфрла во нив, а потоа ќе ги распореди на повеќе локации низ Виница и во населените места во општината.

Претходно, преку истиот проект општината доби две комунални возила за собирање и транспорт на отпадот.