Најтрофејниот македонски ракометен колектив Вардар го промовира новиот дрес за новата сезона која следи.
„Црвено-црните“ ја одржаа промоцијата на тениското игралиште во СЦ „Јане Сандански“. Новиот дрес за првпат ќе се носи на пријателскиот турнир во Магдебург, каде Вардар ќе одигра две средби.
На промоцијата на новиот дрес на Вардар присуствуваа Едуардо Гурбиндо, Филип Талески, Бакари Дијало, Тимур Дибиров и Али Сафар.
Главен спонзор на Вардар во новата сезона кога се говори за дресовите останува „Хумел“.