Привршува проектот за уредување на спортско-рекреативниот простор околу Спомен Костурницата во Куманово

0
263

Во завршна фаза е проектот за уредување на спортско-рекреативниот комплекс на просторот околу Спомен костурницата во Куманово, информираа надлежните од општината. Поставена е вештачка трева и заштитна ограда со метална конструкција од за трите фудбалски терени со вкупна површина од 2.400 метри квадратни, поставени се нови клупи, соблекувална и асфалтиран е нов паркинг простор.

– Активно се работи на изградба на амфитеатар, поставување на кошаркарско игралиште, тениски терен и детско катче. Следува поставување на фитнес справи за вежбање на отворен простор, уредување на трим патеки и поставување дополнителна урбана опрема-информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Проектот „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство во општините“ за уредување на комплексот кај Спомен костурницата почна да се спроведува кон крајот на минатата година. Ова е еден од двата проекти кој го спроведува општина Куманово заедно со општина Гњилане. Во проектот „Одржливи еколошки и здравствени придобивки од прекуграничната област“ покрај општините, вклучени се и ЈП „Водовод“ и „Хидро Морава Гњилане“.