Почнува изградбата на пешачка патека кон Станечки Водопади во Крива Паланка

0
407

Во Крива Паланка ќе почне изградбата на пешачка патека до локалитетот „Станечки Водопади“ на Козја Река во селото Станци.

-Изградбата на патеката ќе се одвива во две фази, од училиштето во село Станци до водопадите на Козја Река познати како Станечки Водопади, каде е предвидено и соодветно уредување на просторот и втора фаза, уредување на патеката од Станечки Водопади до локалитет Ловечка куќичка. Вкупната должина на патеката е околу 4300 метри. Изградбата се финансира во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ помеѓу Република Северна Македонија и Србија, во рамки на проектот „Да ги поврземе бисерите“ што Општина Крива Паланка го имплементира во партнерство со  Лесковац и Центарот за развој на Пчињскиот и Јабланичкиот регион на Србија, информираат од Општина Крива Паланка.

Покрај изградба на пешачката патека во рамки на проектот ќе се одржи „Зелен викенд“, настан од спортски карактер како и останати активности за развој на туризмот во прекуграничниот регион.