Реконструкција на тротоари и жардинерии во Неготино

0
279

Во тек е реконструкција на тротоари и жардинери во Неготино, информираат од локалната самоуправа.

– Се врши реконструкција на жардинерии и тротоар  на улица „Маршал Тито” и тротоар од западен излез од град Неготино, од ОУ „Гоце Делчев”, до крајот на зградите Неготинки, со планиран систем на наводнување – капка по капка и хортикултурно уредување. Сето тоа  ќе го оплемени просторот и ќе ја подобри естетската слика во тој дел од градот, велат од Општината.

Најавуваат и низа други проекти во урбаните и месните заедници.