Продолжува изградбата на новата водоводна линија во населбата Павлиш Дол во Македонска Каменица

0
195

Продолжува изградбата на новата водоводна линија во населбата Павлиш Дол во Македонска Каменица. Со реализација на оваа активност како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова која изврши увид во градежните работи ќе се подобри водоснабдувањето за околу 150 домаќинства.

-Извршив увид во градежните работи и поставувањето на темелната плоча од резервоарот за вода во село Моштица, преку кој со квалитетна и здрава вода за пиење ќе се снабдуваат над 150 домаќинства од оваа приградска населба во Македонска Каменица, рече Стаменкова.

Изградбата на новата водоводна линија како што додаде е во должина од 2400 метри.

-Потребните средства во висина од 10,1 милиони денари се обезбедени од Буџетот на општина Македонска Каменица, додаде Стаменкова.

Со вакви и слични активности во насока на подобрување на водоснабдувањето во градот како што додаде градоначалничката, Општината ќе продолжи и во наредниот период.