Прво издание на поетско-музичкиот настан ,,Уметност-преточена во поезија и музика”

0
353

Денеска во Свети Николе се одржа поетско-музичкиот настан ,,Уметност-преточена во поезија и музика”. Организатор на манифстацијата е Милица Паулус, дипломирана писателка која живее и работи во Германија, но не го заборава и своето родно огниште. Настанот беше во соработка со Општинската установа-Дом на култура “Крсте Мисирков” во Свети Николе. Манифестацијата ја отвори организаторката Милица Паулус со пригодно обраќање и поздрави кон присутните уметници. Се оддаде посебна почит кон поетите кои го напуштија овој свет. Кусо обраќање имаше и директорката на Домот на културата “Крсте Мисирков”. Заедно со Милица Паулус си разменија златни плакети-трофеи. Златна плакета-трофеј доби и Елизабета Коцева, библиотекар и личност која даде силен придонес за успешноста на овој настан.
Мразот го скршија најмладите учесници со читање на нивни наградени лични творби -Јована Лазаревска од Куманово, Димитриј Давитков од Пробиштип, Деспина Миланова од Велес, Марија Стојкова од Кочани и други.
Поетите од категоријата возрасни, кои добија дипломи- златни плакети, ги прочитаа нивните наградени литературни творби, Јулија Мациевска со многу емотивната интерпретација, Соња Манасиевска Конеска, Силвана Крстевска од Скопје, Драгана Јовановиќ Чешлар од Република Србија, Марија Црвенковски од Скопје, прекрасен поетски перформанс приреди Јелена Лучко Јеремиќ (мајка на актерот и пејач Драган Спасовски-Дац), Јован Мазгановски од Скопје, кој ги дизајнирал дипломите, Тамара Насевска од Прилеп, Блашка Стојкова од Кочани, Славица Цветкова од Кочани, Зора Ивановска од Куманово, Панче Младеновски од Скопје, Марина Гоцева од Кочани, Виолета Тодева Мијалкова од Штип, Иле Наумов од Куманово, Тони Џорлев од Струмица, Ѓорги Панов од Струмица, Ленче Стојменова од Кочани, Габриела Костадинова од Пехчево, Андријана Ристеска од Прилеп, Божа Трајковска од Куманово, Весна Јовановска од Скопје, Лилјана Тричковиќ од Тетово, Атанас Ѓоргиев од Кочани, Јане Атанасов од Кочани, Елизабета Павловска од Куманово, Марина Доневска од Скопје и други. Златни плакети-трофеи добија естрадните уметници, кои воедно беа и кантавтори на песните што ги испееја. Тие беа, Јулија Мицановска, Соња Манасиевска Конеска, Алексо Тришовски, Влатко Алексовски, Силвана Крстева, Владо Ѓоргиевски.
Останатите учесници добија дипломи прва, втора и трета награда за поетска творба.