Општина Берово објави јавен повик за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2021 година. Целта на јавниот повик, како што информираат од Општината, е стимулирање на граѓаните за користење на велосипеди.
-Преку овој јавен повик, обезбедуваме поврат на дел од потрошените средства на физичките лица кои ќе купат велосипед, заклучно со 06.09.2021 година, со тоа што општината ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипед, велат од Општина Берово.
Согласно јавниот повик, додаваат, на барателите ќе им се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50 проценти од вредноста на велосипедот.
-Субвенцијата нема да ја надмине сумата од 6.000,00 денари по лице, а јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен”, прецизираат од Општината.
Право на учество на јавниот повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед и притоа ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед, со исполнување на сите услови од јавниот повик кој е објавен на општинската веб-страница.