На 14 август 2021 година, во село Глобочени, општина Пустец, областа Мала Преспа, се одбележа 107 години од раѓањето на големиот македонски писател Стерјо Спасе. Присутни беа неговиот син Илинден Спасе и делегација на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, предводена од претседателот, Васил Стерјовски.