Автокоманда и Ченто се спојуваат со велосипедска патека

0
180

Во тек е изградбата на новата двонасочна велосипедска патека на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба. Станува збор за продолжение на постојната велосипедска патека во должина од 550 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бензинската на Лукоил, преку која велосипедски ќе се поврзат населбите Автокоманда, Ченто и Маџари.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски смета дека со овој чекор, општината ќе се најде на мапата со велосипедски патеки преку кои граѓаните кои што возат велосипед ќе може да се приклучат во овој дел од градот.

Воедно напомена дека паралелно се работи и на друга локација во општината.

-Сакам да ја спомнам и рехабилитацијата на булеварот „Киро Глигоров“ на кој што покрај поставувањето на атмосферската водоводната се прошируваат велосипедските и пешачкитепатеки и на крајот коловозната лента, на тој начин создаваме брзи ефикасни и безбедни користења на нашите улици. Ова претставува еден мал чекор кој беше заборавен четири години, изјави Георгиевски.

На увидот присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој истакна дека идејата е да се овозможи инфраструктура преку која граѓаните на алтернативен начин ќе се движат низ градот.