СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „СОЛО МОД“ ВО САРАЕВО

0
24

Најновиот краткометражен филм „Соло Мод“ на режисерката Тамара Котевска денеска ќе ја има својата светска премиера на 27. Филмски фестивал во Сараево.

Филмот е во официјална селекција на кратки филмови, a со тоа и во директна конкуренција за Европските филмски награди (Europen Film Awards).

„Соло Мод“ е независен краткометражен филм инспириран од Ковид-19 и снимен во 2020 година за време на рестриктивните мерки и строгиот карантин, со актерска екипа сочинета од едно вистинско четиричлено семејство и мала филмска екипа.

Улогите ги толкуваат актерот Александар Микиќ, неговата сопруга – харфистката Весна Микиќ и нивните две дечиња Иво и Ена. Како продуценти се потпишуваат Тамара Котевска и Илија Тирицовски. Извршни продуценти се Пеце Талески, ОХО Продукција за Македонија и на Хашми, The Corner Shop за САД, а ко-продуцент на филмот е Зејнеп Атакан, Zeyno Film од Турција.

„Соло Мод3 е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија.

Филмски фестивал во Сараево почна на 13 август, а ќе трае до 20 август.

Тамара Котевска е единствената режисерка од државава со две номинации од наградите на Академијата на САД (Оскари) за документарниот филм „Медена земја“ (2019) во ко-режија со Љубо Стефанов.