Пробиштип исплати субвенции за граѓаните да возат велосипеди

0
45

Општина Пробиштип изврши исплата на 77 граѓани кои поднесоа барање и кои ги исполнуваат условите за субвенционирање за купен велосипед. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анасасов вели дека издвоени се 450.000 денари буџет за оваа намена, согласно реализираната исплата остануваат околу 20 проценти од средствата за кои граѓаните ќе можат да аплицираат до нивно целосно исцрпување.

– Оваа мерка општината ја донесе со цел за зачувување на животната средина и намалување на аерозагадувањето, вели Анастасов.

Посочи дека Општина Пробиштип со цел да ги стимулира граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за системите за греење и ладење, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, пред десеттина дена објави и повик за субвенционирање на граѓаните за купување на инвертер клими за 2021 година.

– Со овој повик субвенционираме 100 наши сограѓани по принципот „Прв дојден – Прв услужен“, додаде Анастасов.