Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за иселеништво и Националната Установа- Библиотека „Гоце Делчев“ од Штип, научната публика ќе има можност одблиску да се запознае со иселеничката проблематика.

0
354

Агенцијата за иселеништво  отстапува книги на Библиотеката „Гоце Делчев“ Штип.

Директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски и директорот на Националната Установа- Библиотека „Гоце Делчев“ Штип, Зоран Костовски, потпишаа Меморандум за соработка според кој Агенцијата за иселеништво  отстапува книги на Библиотеката „Гоце Делчев“ Штип.

Целта на оваа средба е книгите од библиотечниот фонд на Агенцијата за иселеништво да бидат достапни до пошироката и научната публика, со цел да можат читателите  да се запознаат со темите и содржините поврзани со иселеничката проблематика.

Дел од содржините се книги напишани од наши иселеници кои живеат и работат во странство и кои преку пишаниот збор го негуваат, чуваат и пренесуваат македонскиот јазик и култура на идните генерации.

Двете институции и во иднина ќе продолжат со соработка во насока на помагањето на културниот развој на иселениците, грижата за нивните дела и творби како и информирање и достапност на македонската јавност со начинот на одржување на традицијата и идентитетот во странство.