Почитувани!
После речиси две години рестрикции, сега, со нивното намалување, се отворија можности за отпочнување на некои активности во нашето здружение.
Управниот одбор од по одамна ја има донесено и усвоено програмата за работа и на последните состаноци се договоривме да започнеме, бар со дел од она што е планирано.
Во меѓу време бевме во преговори со АБФ и дојдовме до степен на соработка, што ни овозможува користење на нивните локали за работа.
АБФ ни бара да ги пријавиме сите активности што планираме да ги оствариме и се разбира имињата на учесниците и водачите на тие активности, па од таму доаѓа и ова писмо до сите вас со кое сакаме да видиме колкав е интересот за ваше учество.
Во продолжение ви ги преставуваме сите планирани активности и ве очекуваме да се јавите и го пријавите вашиот интерес.
Предавања:
1. Тема гинекологија со нашата позната Д-р Лилјана Кочоска Мареш.
2. Тема образование. Право на настава по Мајчин јазик
3. Тема Општество. Личност, семејство, општество – Македонија – Шведска.
Кружоци:
1. Тема култура, Ајде да заиграме! Учиме да играме македонски ора. Еднаш неделно или на две недели.
2. Тема кулинарство. Македонска кујна. Еднаш на две недели или нај малку четири средби.
3. Специјално приготвена и испланирана настава по Македонски мајчин јазик. Еднаш во неделата.
Други активности:
1. Во втората половина на септември е планирано групна посета на ЗОО паркот Kolmården.
2. И се разбира, игранка некаде во октомври и потоа во декември, до колку рестрикциите тоа го дозволуваат..
Еве тоа е планирано за оваа година па сега го очекуваме да го видиме вашиот интерес за учество. Пријавете се со одговор на ова писмо или пак на следниве телефони:
Todor Petrovski 073 48 20 200 sport@damegruev.org
Sasho Tircevski 070 76 44 691 pretsedatel@damegruev.org
Maja Dodevska Mijac 072 24 66 337 kultura@damegruev.org m
Kirche Gjorgjievski 073 30 04 275 blagajnik@damegruev.org
Gjorgi Hristovski 076 44 23 004 tehnika@damegruev.org
Tale Trpkoski 070 712 48 23 sekretar@damegruev.org
Ве очекуваме!
Бидете поздравени и чувајте се!
Управен Одбор Даме Груев