Во беровско спроведена акција за собирање на шишиња и отпадоци по големите шумски пожари

0
278

Во Беровско спроведена е акција за собирање на пластични шишиња и отпадоци оставени после големите шумски пожари.

-Акцијата се реализираше во соработка со општинската администрација, граѓани ангажирани преку програмата за јавна работа, вработени во јавното претпријатие за комунални услуги, како и доброволци кои помогнаа во собирањето пластичните шишиња и други отпадоци оставени во гаснењето на големите шумски пожари што го зафатија беровско – пехчевскиот регион, информираат од Општината.

Претходно, како што додадоа, слична акција се реализираше и во селото Будинарци.

-За огромна пофалба е и акцијата на дечиња од селото Будинарци кои исто така самоиницијативно собираа пластични отпадоци оставени после борбата со огнената стихија која се закануваше на нивното село, додадоа надлежните.

Оттаму најавија дека ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период.