Отворено кино кај велешкиот театар „Јордан Хаџи Константин – Џинот”

0
22

На паркингот кај велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ на отворено ќе биде прикажан филмот на Бранко Гапо „Време, води“. Гледањето на филмот за сите љубители на филмската уметност од Велес е бесплатно. Проекцијата на филмови од режисерот Бранко Гапо започнаа во неделата вечер со прикажување на фолмот „Истрел“. Последен филм  во овој циклус филмови на Бранко Гапо  на 13 август на отворено а овој пат кај Винаарија „Шато Сопот“ ќе биде прикажан филмот „Македонска сага“.Инаку проекцијата на филмови под отворено небо е придружна програма во рамки на годинашниот 18 по ред Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ 2021. Неговата програма продолжува утревечер на сцената на велешкиот театар  со премиерата на  претставата „Едип коментари“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде