Попис во Австралија

0
221

ИДНИНАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА ЗАВИСИ ОД СИТЕ НАС

Пописот во Австралија е во вторник 10 август и упатствата за пополнување на пописниот образец (формулар) веќе се испратени до сите домаќинства во Австралија. Пописниот образец можно е да се пополни преку интернет или се нарачува хартен формулар на тел. 1800 130 250. За оние лица кои не го разбират англискиот јазик доволно, можно е да побараат помош преку Телефонската преведувачка служба (TIS) или едноставно побарајте помош од своите деца, роднини или пријатели.

За Македонците овој попис е од голема важност и од нас самите зависи како се идентификуваме, а иднината наша и услугите што ќе ни се нудат ќе зависи од самиот број на Македонците. Многу е важно да се пополнат прашањата за земјата на раѓање, јазикот, предците и религијата. Одговорете под графата каде што стои Other-please specify. Без разлика каде сме родени и каде нашите родители и пра-родители се родени, етничкото потекло е македонско (Macedonian) без разлика дали сте деца од мешани бракови. Доколку сте родени во Република Македонија (иако порано беше во Југославија) ставете Македонија или Република Македонија (Macedonia or Republic of Macedonia). За јазикот, без разлика колку малку го зборувате (и само еден збор да знаете), ставете Македонски (Macedonian). За религијата, ставете Македонска Православна (Macedonian Orthodox)

За повеќе информации на македонски јазик, посетете ја веб-страницата www.census.abs.gov.au/macedonian

Ве молиме проширете ја оваа информација преку е-маил, фејс бук, истеграм или SMS – иднината наша зависи од сите нас!

 

Од Литературното друштво „Григор Прличев“