Кавадарчанецот со златно срце Борче Стаменов усреќи 1000 деца кои не можеа да си дозволат компјутер за да следат онлајн настава

0
309

Минатата година Борче Стаменов скомно се надеваша дека до крајот на годината ќе стаса до 300 донирани компјутери, но тоа што тој го достигна ги намина неговите очекувања. Хуманиот кавадарчанец поправа и донира стари компјутери на семејства кои не можат да си дозволат да купат нови.

Идејата за овој хуман гест се јавила во 2016 година, а денес за иницијативата „Донирај Компјутер“ знае цела Македонија. Борче деновиве го испрати илијадитиот компјутер и можеме слободно да кажеме дека деновиве тој ја исцрта илјдитата насмевка на некое детско лице.

Во 2019 година Борче испратил околу 200 компјутери, а за нецели две години низ државата биле испратени 800 компјутери. Побарувачката значително се зголемила со појавата на пандемијата и почетокот на онлајн наставата.

За да се прослави ова достигнување Борче и неговиот тим на соработници организираат забава која ќе се оддржи на 29 август кај споменикот на 12-младинци во Кавадарци, поканети се сите, а на влезот наместо карти ќе се продаваат маички.