Бесплатно Кино под отворено небо во рамки на ИФАД „Стоби 2021“

0
33

Се одржа бесплатно кино под отворено небо во Велес на паркинг просторот кај театарот „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“. Се прикажуваа филмови од режисерот  Бранко Гапо, а прв на програмата вечерва е „Истрел“. На 10 август ќе биде прикажан филмот „Време,води“ а на 13 август „Македонска сага“.

-Ги покануваме љубителите на филмот да присуствуваат на овие бесплатни летни кино вечери и да уживаат, повикуваат од велешкиот театар кој е организатор на ИФАД „Стоби 2021“.

Филмовите се придружна програма во рамки на програмата на ИФАД „2021“. Оваа е можност повозрасните велешани да се потсетат кога до пред 20 години во градот се прикажуваа филмови на отворено, а помладите за првпат да гледаат кино на отворен простор.

Повозрсните велешани се сеќаваат на поранешните две кино сали на отворено, едната која е во склоп на Киното „11 Октомври“, а другата ви склоп на киното „Вардар“ која воедно беше воедно и  старата зграда на велешкиот Народен театар.

Затворните две кино сали на отворено веќе со години се руинирани, запуштена и пропаѓаат. Онаа кај велешкиот театар, заедно со театарската зграда наскоро  треба да се сруши, а за Општината според својата одлука на тоа место да изгради станбена зграда.