Општина Старо Нагоричане објави јавен повик за евидентираните невработени лица, заинтересирани да се вклучат во програмата општинско-корисна работа, проект „Локална поддршка“, информираа денеска надлежните. Според објавата, тие ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од девет месеци и ќе стекнат на вештини за постепено вклучување на пазарот на труд. Ангажираните ќе им помагаат во извршување на домашни обврски на различни категории граѓани.Тие ќе поминат три месеци теоретска обука и шест месеци работно ќе бидат ангажирани, нема да го изгубат правото на гарантирана минимална помош, ниту статутот на невработено лице.
– Право на учество во програмата „Општинско-корисна работа“ имаат невработените лица, при што предност ќе имаат оние кои за прв пат се јавуваат за учество. За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во програмата се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест, изјави координаторот на проектот, Славка Стефановска Цветковска.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество работа треба да се долгорочно невработени лица, млади лица до 29 години, невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на коронавирусот, лица корисници на гарантирана минимална помош, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот, родители на три и повеќе деца. Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на пет домашни помошници. Заинтресираните треба да поднесат пријави до 13 август.