Меѓународен детски фолклорен фестивал „Паланечка тројка”

0
38

На градскиот плоштад „Карпошово востание” во Крива Паланка се одржа Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Паланечка тројка”. Фестивалот се одржа во организација на  КУД „8 Октомври” при Национална установа Центар за култура Крива Паланка, во рамки на програмата на Кривопаланечко културно лето.

-Почетокот на фестивалот беше означен со орото „тројка” во изведба на најмладите членови на културно-уметничкото друштво „8 Октомври”, што работи под капата на нашата установа. Фестивалот го отпочнавме пред три години, минатата година беше одложен поради пандемијата, а годинава ја продолжуваме традицијата со ограничена програма поради протоколите за Ковид-19, поради што изостанаа настапите на учесниците од странство, информира директорката на НУЦК, Крива Паланка, Мира Ѓоргиевска.

Посочи дека „Паланечка тројка” е модел на оживување на фолклорот, негова популаризација помеѓу младите, преку традиционалната фолклорна ризница да им се доближи на младите и истата да се сочува од заборав, да се пренесе од генерација на генерација богатата колективна народна културна ризница. На годинашното издание на фестивалот настапија: КУД „8 Октомври“ Крива Паланка, КУД „Ефрем Каранов”, Кратово, КУД „Вера Јоциќ”, Македонска Каменица и Сашко Митев, солист од НУ Ансамбл „Танец