На „Велешко лето 2021“ промоција на монографијата „Македонски РОК времеплов“

0
138

Во рамки на „Велешко лето 2021“ вечер во 20 часот во Ликовниот салон во Велес ќе биде промовирана монографијата „Македонски РОК времеплов“ од Тошо Филиповски. Програмата ја организира Општина Велес, а влезот на настанот е бесплатен. Од Општина Велес ги повикуваат граѓаните – љубители на македонскиот рок да присуствуваат на оваа промоција на монографија посветена на македонскиот рок.