Наградата за најдобар филм на интернационалниот филмски фестивал за краткометражни филмови во Лос Анџелес LA Shorts Fest во категоријата Научна фантастика

0
37

Краткометражниот филм Risen на македонскиот сценарист, режисер и продуцент Tony Radevski од Сиднеј, ја освои наградата за најдобар филм на интернационалниот филмски фестивал за краткометражни филмови во Лос Анџелес LA Shorts Fest во категоријата Научна фантастика!
Филмот е приказна за еден млад тинејџер кој се бори во светот на дрогата на Запад, прогонуван од фамилијарно минато и непозната иднина, на кого во помош му доаѓа еден осамен волк.

Тони е автор на повеќе краткометражни и документарни филмови, а неговите награди започнале уште од првиот документарен филм “The prodigal son” кој во 2006 година, на фестивалот IF во Австралија, ја освои наградата за најдобар краток документарен филм, по што следуваа “Broken”, “Part one: Love”, “Chip”, “Ephemeral” и “Hole”.

Во 2016 година Тони го заврши снимањето на краткометражниот филм „Дедо“, кратка комедија во која тинејџер, кој често се исклучува од реалноста, додека присуствува на македонски православен погреб добива мудрост што ја предизвикува неговата пасивност, по што следуваше краткиот филм „Пиле“, базиран на лични искуства од неговото детство.

Му честитаме на Тони за наградата и му посакуваме уште многу успех во иднина