Во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2021 година – енергетска ефикасност, Општина Велес ќе користи финансиски средства во висина од 2.341.543 денари кои ќе бидат наменети за замена на столаријата во ООУ „Васил Главинов“, односно старите и дотраени врати и прозорци ќе се заменуваат со ПВЦ енергетски ефикасни.Инаку, во скоро половина од училишната зграда во повеќе наврати досега беа заменети дел од ПВЦ прозорците и вратите. Како што информираат од Општина Велес, изборот на општини бил направен по објавениот јавен повик на Владата и рангирање на најзагадени општини во државата.