Општина Велес го одбележа големиот празник на македонскиот народ – Илинден

0
181

Делегации на Општина Велес, на Армијата од велешкиот гарнизон, од јавните институции и политичките партии денеска положија букети свежо цвеќе пред Споменикот на Коњаникот во центарот на Велес, посветен на велешките војводи Илинденци, на Спомен костурницата од НОВ и на споменикот на Панко Брашнаров.

Тие се поклонија на Илинденците и борците од НОВ и сите борци за слобода, а со што одбележаа 118 години од Илинденското востание и 77 години од првото собрание на АСНОМ.

Честитка по повод Илинден до граѓаните упати градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски кој потсети на значењето на двата Илиндена и ги повика граѓаните на негување на традициите.