Македонскиот ракометен првак Вардар и официјално потврди дека сите услови кон Европската ракометна федерација (ЕХФ) се исполнети и дека клубот ќе игра во новата сезона од Лигата на шампионите.
Вардар ги исполни барањата и го покри оној депозит од еден милион евра, информацијата пред неколку дена за Gol.mk ја потврди првиот човек на клубот Михајло Михајловски, па така, очекувана е и реакцијата од ЕХФ.
ЕХФ го информира Вардар 1961 дека е потврдено играњето на клубот во ЛШ во сезоната 2021/22. Клубот во предвидениот рок, заедно со ЕХФ најде решение за поставените барања, истите ги исполни со што нема пречки и дилеми околу настапот во групната фаза.
Во новата сезона Вардар 1961 ќе игра директно во групната фаза од ЛШ заедно со екипите на ПИК Сегед, Киле, Алборг, Мешков, Монпелје, ППД Загреб и Елверум.