Одбележан патрониот празник на Општина Илинден 

0
176

Во рамки на одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август” се одржаа повеќе настани и активности. Во општината се одржаа спортските натпревари во фудбал и тенис, под покровителство на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, а љубителите на спортот имаа можност да гледаат квалитетни натпревари, соопштија денеска од Општина Илинден.Како дел од одбележувањето на патрониот празник беше и традиционалната крводарителска акција, на која жителите на Општина Илинден уште еднаш ја покажаа хуманоста и солидарноста на дело преку дарувањето на крв.

Од општината информираат дека се одржала и изложбата на повеќе уметници од Општина Илинден, во Домот на култура „Илинден” каде биле презентирани повеќе од 40 уметнички дела. Во галеријата на Домот на култура „Марино” е  поставена и изложба на слики во техника цртеж и скици на Васе Костовски, уметник аматер од општина Илинден.

-Во насока на одбележувањето на Денот на општина Илинден, се отпочна  реализација на капиталниот проект за изградба на новото основно училиште во населба Илинден, со цел обезбедување на поквалитетен образовен процес.  Со изградбата на новото училиште ќе се овозможи наставата во училиштата да се одвива во една смена и ќе се овозможи воведување на целодневна настава, се наведува во соопштението.

Завршниот настан се одржа во амфитеатарот во паркот „Галерија на отворено”  пред Домот на култура „Илинден” каде настапуваа групата Некст Тајм и Тринити Стрингс, а граѓаните имаа можност да ги слушнат преработките на старите македонски песни.