Се подобрува патниот пристап до подрачното училиште во делчевското село Стамер

0
393

Во делчевското село Стамер се подобрува патната инфраструктура во близина на подрачното училиште „Св.Климент Охридски“.

Како што информира Општина Делчево, новоизградената улица е долга 100 метри, а  нејзината изградба е од огромно значење за поврзување со другиот дел од селото.

-Заврши асфалтирањето на улица во село Стамер, која го поврзува ПУ „Св.Климент Охридски“ со другиот дел од селото. Станува збор за изградба на нова улица во должина од 100 метри со што инфраструктурно се решава приодот до училиштето, наведува  Општината.