Во тек се градежните активности за изградба на ново детско игралиште во дворот на основното училиште „11 Октомври“. На површина од 110 квадратни метри ќе бидат поставени нови реквизити и гумирана подлога, при реконструкција ќе биде поставена и заштитна ограда, ниско зеленило и нова опрема, информира Општина Центар.
Од Општината додаваат дека во наредниот период ќе започне со изградба на нови детски игралишта во населбата Водно, на улица „Партениј Зографски“ и во дворот на објектот „Бели Мугри, клон на градинката „Кочо Рацин“. Целосно ќе се реконструира и игралиштето зад Универзална сала.
За реконструкција и санација на детски и спортски игралишта во Центар, Општината одвои десет милиони денари од општинскиот Буџет.