Ансамблот „Македонија“ од Скопје, синоќа на плоштадот „Магнолија“ во Битола приреди меѓународна ревија на традиционални народни носии.
Публиката се запозна традиционалната облековна култура која датира од 19 или 20 век, а потекнува од повеќе етнички предели на држави од Балканот.
Ревијата на народни носии се одржа во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, а членки на ансамблот „Македонија“-Скопје презентираа носија на млада невеста од Горна Морава и селото Летница од Косово, носија на млада невеста Мирдита од Албанија, потоа од Самоков и Харманти-Бугарија, носии на млада невеста од почетокот на 20 век од Црна Трава и Пчиња-Србија, како и носии од хрватските делови на Славонија, Посавина и Конавле.
Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илиденски денови“ завршува вечер со концерт на ансамблот „Македонија“ и настап на фолклорните групи од Русија, Америка, Грција, Албанија и Србија.