Соопштение од Македонската заедница во Џилонг

0
245

1. Почитувани членови на нашата Општина. Ве известуваме дека Генералното собрание, закажано за 25.07.2021 година, е презакажано за недела 01.08.2021 година во 13:00 часот, со иста агенда. Со нетрпение го очекуваме вашето присуство.

2. Истовремено, ја известуваме македонската заедница дека, по повод верскиот и националниот празник „Свети Илија“ (Илинден), свечената служба во храмот ќе се служи во понеделник, 2 август 2021 година, со почеток во 9:30 часот, по што ќе следат вообичаените празнични церемонии. Бараме масовно присуство и почитување на пропишаните мерки од Владата на Викторија.

3. Забавата што беше закажана за 18.07.2021 година, но беше откажана поради ограничувања од владата на Викторија, се презакажува за недела 12.09.2021 година. ПОЗДРАВ ЗА САЈТОТ. МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА !!!