Во август почнува изградбата на детската градинка „Св. Климент Охридски“ во Бутел

0
228

Општина Бутел во aвгуст ќе отпочне да ја гради новата детска градинка „Св. Климент Охридски“ која е во рамките на постоечката јавна образовна институција – детски градинки „11 Октомври“-Бутел.

-За изградба на новиот објект за деца од предучилишна возраст средствата ги обезбедивме од ТАВ –програмата за инфраструктурни проекти, а секако дека ќе аплицираме и до Министерството за труд и социјална политика за да ни помогне во уредување на внатрешниот ентериер на новата детска градинка во нашата општина, информираат од Општина Бутел.

Новата градинка ќе се гради на 400 метри квадратни во дворот на ООУ„Св. Климент Охридски“ и   биде со капацитет за околу 90 дечиња. Рокот на изградба е предвиден до 31.09.2022 година. Во изминатитиве 4 години општина Бутел инвестираше вкупно 32.000 милиони денари во реконструкција и санација на  детските градинки како и набавка на нагледни средства. 

Подобрувањето на материјално техничките услови во детските градинки резултира со зголемено задоволство кај родителите како и кај децата. 

Од општина Бутел велат дека и во иднина ќе продолжат со грижата за најмладите.